Дома Фудбал Реал победи, Бензема ја продолжи одличната форма (ВИДЕО)

Реал победи, Бензема ја продолжи одличната форма (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид денес го победија Еспањол на свој терен со 2:0 во рамките од 16. коло од шпанската Ла Лига.

„Кралевите“ не одиграа нешто посебно добро, но сигруно дека за нив е најважно што запишаа нови три бода. Домаќините поведоа со 1:0 во 37. минута кога Бензема му асистираше на Варан.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Еспањол во продолжение се обидуваше да дојде до реми. Гостите имаа неколку одлични прилики, меѓутоа мрежата на „кралевите“ мируваше.

Натпреварот беше решен во 79. минута кога Валверде асистираше за Бензема. Французинот со овој гол и асистенцијата за Варан само ја продолжи одличната форма.

Треба да се спомене дека домаќините од 83. минута играа со играч помалку бидејќи втор жолт картон доби Менди.

Реал сега е прв со 34 бода и натпревар повеќе од Барселона која својот натпревар го игра подоцна. Од друга страна Еспањол е претпоследен со само девет бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул ја одредил цената на Конате

Раководството на Ливерпул ја одредило цената на Ибрахима Конате, чиј договор со клубот ист…