Дома Фудбал Реал одлучи, си го враќа Одегард

Реал одлучи, си го враќа Одегард

Реал Мадрид нема намера да се раздели со Мартин Одегард на перманентна основа.

Младиот играч за врска игра на позајмица во Арсенал, каде се претставува одлично, па „топџиите“ изразија желба да го откупат.

22-годишниот Норвежанец одлично се вклопи во Премиер лигата, а во Реал Мадрид не добиваше голема минутажа.

Според „Марка“ Реал Мадрид не сака да се раздели со Одегард и смета дека тој е иднина на „кралскиот“ тим, па на лето сигурно ќе се врати.

Зидан смета дека следната сезона Одегард ќе биде многу важен во тимот бидејќи ќе биде алтернатива за Крос и Модриќ во средниот ред.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Tрансферот на Енцо Фернандез пред комплетирање – Сити ќе потроши 240 милиони евра!

Рокот од 120.000.000 евра кој Манчестер Сити требаше да го исполни одамна помина. Сепак, о…