Дома Трансфер зона Реал нема да го задржува – Одредена цената за Роналдо!

Реал нема да го задржува – Одредена цената за Роналдо!

Случувањата премногу се променија во последните 24 часа, а клубот од Мадрид смета дека нема потреба да го убедуваат најдобриот во светот, ова е цената!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После веста дека Роналдо сака да замине работите се одвиват многу брзо. Португалецот наводно изјавил дека нема што да чека и дека неговата одлука е конечна, сега се чека потегот на Реал.

Во клубот се изненадени, а многумина веруваат дека ова е само начин Роналдо да добие покачување, меѓутоа медиумите во Шпанија тврдат дека тој сака само да ја напушти Шпанија.

Кина не е опција, тој од Мендеш побара да му пронајде клуб во Европа, а Реал веќе ја одреди цената.

Во прашање секако е нов светски рекорд и тоа од 180 милиони евра, а овој момент таа сума веројатно можат да ја платат само два клуба, Манчестер Јунајтед и ПСЖ.

Од друга страна неговата клазула е една милијарда, но јасно е дека никој не го интересира тоа, ниту пак Реал може да го задржи доколку тој одлучил да замине.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…