Дома Трансфер зона Реал му ја „краде“ најголемата желба на Манчестер Јунајтед

Реал му ја „краде“ најголемата желба на Манчестер Јунајтед

0

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид се вклучил во трката за потписот на ѕвездата на Спортинг Лисабон, Бруно Фернандеш.

Фудбалерот на Спортинг Лисабон долго време е мета на Манчестер Јунајтед, а сега во траката се вклучил и Реал Мадрид. „Кралевите“ наводно стапиле во контакт со неговиот агент Жорге Мендеш.

Бруно Фернандеш имаше фантастична сезона во Спортинг во која постигна 32 гола во 53 натпревари иако е офанзивен играч за врска.

На „Олд Трафорд“ сметаат дека би бил идеална замена за Погба, но со оглед на фактот што Французинот се уште не е заминат, трансферот е на „стенд-бај“.

Реал Мадрид ќе се насочи кон Португалецот доколку не успее да го ангажира Погба до затворањето на преодниот рок во Премиер лигата.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Анчелоти: Икарди? Не ме интересира!

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти денес на пресконференцијата пред мечот со Фиорентина од…