Реал Мадрид лошо за започна сезоната, а Зидан има големи проблеми со повредени играчи. Поради тоа „кралевите“ сигурно ќе бидат активни на трансфер пазарот во јануари.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Еден од најважните фудбалери во екипата на Зидан и еден од најдобрите десни бекови на светот, Дани Карвахал поради проблеми со срцето нема да може да тренира два месеци, а неизвесно е кога ќе се врати на терените.
Токму поради тоа главна цел на „кралевите“ во зимскиот преоден рок е да најдат замена за Шпанецот, бидејќи моментално на таа позиција го имаат само 18-годишниот Акраф Хакими.
Шпанските медиуми пренесуваат дека раководството веќе ја идентификувала главната цел за таа позиција, а станува збор за играчот на Реал Сосиедад, Алваро Одриозола.
Откупната клаузула на овој 21-годишен десен бек изнесува 40 милиони евра, што за „кралевите“ нема да претставува никаков проблем.
Раководството на Реал сака да го договори трансферот што е можно побрзо бидејќи за Одриозола се интересираат многу европски клубови, меѓу кои и Барселона.