Дома Трансфер зона Реал и Барса во битка за потписот на ѕвезда од Серија А

Реал и Барса во битка за потписот на ѕвезда од Серија А

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид и Барселона се силно заинтересиран за играчот за врска на Наполи, Фабиан Руиз.

25-годишниот Шпанец пристигна во Наполи од Бетис и веднаш се промовираше во клучен играч во тимот, па сега е стандарден и во шпанската репрезентација.

Шпанските гиганти подолго време го следат Фабиан Руиз и сега се спремни да преземат конкретни чекори за негов ангажман.

Чави сака квалитетен играч за врска кој може да биде алтернатива за Бускетс и Де Јонг и прва желба е токму Фабиан Руиз.

Од друга страна Анчелоти одлично го познава Шпанецот и верува дека ќе биде идеален наследник на Модриќ.

Руиз на лето влегува во последната година од договорот и Наполи е спремен да го продаде за 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Де Јонг го одбил Манчестер Јунајтед – сака да игра во Лигата на шампионите

Новиот тренер на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг пред себе ма тешка задача да го врати ти…