Дома Топ вести Реал има список од шест таленти за апсолутна доминација

Реал има список од шест таленти за апсолутна доминација

Шпанскиот гигант Реал Мадрид бара засилувања за иднината, а „Марка“ пишува дека веќе е направен список со шест млади таленти, кои „кралевите“ ќе ги следат во следниот период.

Во центар на внимание се фудбалери од средината на теренот, а причината за тоа е што Лука Модриќ, Тони Крос и Касемиро се во поодминати фудбалски години Реал Мадрид.

Аурелиен Чуамени од Монако е фудбалер кој го привлече вниманието од „кралевите“, но и од останатите гиганти, а на листата на желби се наоѓа и Џуд Белингам од Борусија Дортмунд.

Скаутите на Реал го следат Рајан Гравенберг од Ајакс, додека како засилување во одбраната прва желба е Весли Фофана од Лестер.

Листата со познати имиња ја затвора Флоријан Вирц, кој се уште нема 19 години, а веќе го носи дресот на Баер Леверкузен, кој нема намера да го продаде за помала сума од 70 милиони евра.

И на крајот на списокот се наоѓа и најголемиот бразилски талент, 15-годишниот Енрик, кој настапува за Палмеираш, а Реал Мадрид веќе е во преговори за да го добие неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Нереди во Париз: Навивачи на Ливерпул без влезница се обидувале да влезат на стадионот! 🎥

Финалето од Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид не започна во 21 часот како…