Дома Фудбал Реал ги одреди недопирливите, како и тие кои можат да си одат

Реал ги одреди недопирливите, како и тие кои можат да си одат

Раководството на Реал Мадрид определи четворица млади фудбалери кои се „недопирливи“ и сигуно нема да бидат продадени.

На „Сантиаго Бернабеу“ ја изработиле стратегијата и го одредиле, Валверде, Одегард, Винисиус и Родриго како иднина на тимот, тврди „Марка“.

На нив меѓу недопирливите се додаваат уште Куртоа, Тони Крос и Карим Бензема.

Ситуацијата со Серхио Рамос и Лукас Васкез е различна и клубот ќе ја чека нивната конечна одлука дали ќе го продолжат договорот.

Герет Бејл, Марсело и Иско ќе бидат слободни да си бараат нов клуб и Реал веќе им ја отворил излезната врата.

Можно е Рафаел Варан исто така да биде продаден доколку не стави потпис на нов договор до крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар во Гостивар брка бодовно израмнување и прекин на предноста на Шкендија

Саботното дерби ги носи лидерот и актуелниот првак во директна пресметка со три бода разли…