Дома Фудбал Реал веќе има спремна замена за Зидан

Реал веќе има спремна замена за Зидан

Реал Мадрид оваа сезона не игра според очекувањата, па се погласни се шпекулациите за смена на Зинедин Зидан.

Еминентниот весник „Билд“ пренесува дека Зидан ќе ја заврши сезоната во Реал, но на лето двете страни сигурно ќе се разберат.

„Кралевите“ веќе работат на негов наследник, а најголема желба е германскиот стратег Јулијан Нагелсман.

Првиот човек на клубот, Флорентино Перез долго го следи младиот стратег и смета дека на лето ќе биде вистински момент да го донесе во Мадрид.

Нагелсман има само 34 години, но неколку години искуство во Бундеслигата. Најпрво со успех го водеше Хофенхајм, а сега постигнува одлични резултати со Лајпциг.

Дали е спремен да седне на клупата на еден од најголемите клубови во светот, останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ривалите бараат строга казна за Манчестер Сити по пресудата

Манчестер Сити се соочува со зголемен притисок од ривалските клубови во Премиер лигата за …