Дома Фудбал Реал, Барса и Јувентус ги исфрлаат од ЛШ до крајот на неделата!?

Реал, Барса и Јувентус ги исфрлаат од ЛШ до крајот на неделата!?

Европските гиганти Реал Мадрид, Барселона и Јувентус ќе бидат исфрлени од Лигата на шампиони до крајот на оваа недела, пренесува италијанската „Република“.

Трите клуба се уште формално не го напуштиле проектот за европска Суперлига, па ќе бидат и финансиски казнети.

Дригите девет клуба кои учествуваа во формирањето на Суперлигата, официјално се повлекоа, па ќе бидат само финансиски казнети.

УЕФА отвори истрага против Реал Мадрид, Барселона и Јувентус и им се заканува суспензија од европските натпреварувања на една или две години.

Трите клуба веќе најавија дека казната ќе ја обжалат во спортскиот арбитражен суд, а одлуката на УЕФА се очекува до крајот на неделата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дибала пред враќање, но Рома со Мора и Суле ќе го нападне Каљари

Рома се подготвува за промени во одбраната, а Дибала се очекува на клупата по повредата. К…