Дома Фудбал Останато Рајан Гигс на 28 април ќе мора да се појави на суд

Рајан Гигс на 28 април ќе мора да се појави на суд

Селекторот на фудбалската репрезентација на Велс и поранешен играч на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс денес е обвинет за нанесување телесни повред ии напад за инцидентот кој се случи минатиот ноември, пренесуваат британските медиуми, а на 28 април ќе мора да се појави на суд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што пренесува „Би-Би-Си“ манчестерската полиција навела дека Гигс е обвинет за нанесување телесни повреди на жена од 30-тина годиан и напад на девојка од 20 години во инцидентот кој се случил во вечерните часови на 1. ноември.

Гигс после нападот на својата девојка беше уапсен па пуштен со кауција. Полицијата во Манчестер тогаш соопшти дека жената претрпела полесни повреди и дека немало потреба да биде задржана на лекување.

Адвокатите на славниот фудбалер објавија дека тој ги негирал обвиненијата и дека соработува со полицијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Неймар ја завршува кариерата?

Познатиот бразилски фудбалер Неймар размислува за завршување на кариерата, јавуваат медиум…