Дома Фудбал Раул ќе биде тренер во Бундеслигата

Раул ќе биде тренер во Бундеслигата

Легендата Раул Гонзалес наскоро може да води клуб кој игра во ЛШ, бидејќи е главен кандидат за клупата на Унион Берлин.

Легендарниот капитен на Реал, во моментов е тренер на Реал Кастиља, односно вториот тим на „кралскиот“ клуб.

Шпанецот веќе го покажа својот потенцијал и за него интерес покажуваат многу клубови, а тој самиот е спремен да се пресели во Бундеслигата.

Тој на крајот на кариерата играше за Шалке и добро го познава германскит фудбал, па сака да тргне по стапките на Чаби Алонсо.

Унион Берлин лошо ја отвори сезоната и го отпушти тренерот, па сега сака да го доведе Раул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Брегалница го избра Реџепи за пресврт по трите кола без победа

Џенгис Реџепи го презема штипскиот тим по разделбата со Мијалче Прошев. Новиот тренер доаѓ…