Една од најголемите легенди во историјата на Реал Мадрид ќе се врати во „кралскиот“ клуб, пренесува „Марка“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Имено, Раул Гонзалез Бланко ќе започне тренерска кариера во младинската школа на „кралевите“, потврди извор близок до клубот за „Марка“.
Легендарната „седумка“, кој е играч за најмногу одиграни натпревари за Реал Мадрид ќе работи со 18-годишните момчиња од клубот.
Раул играше на „Сантиаго Бернабеу“ од 1994 до 2010 година, а потоа премина во Шалке, Ал Сад и Њујорк Космос. Шпанецот има вкупно 741 натпревар за „кралевите“ и постигнати 323 гола во сите натпреварувања.
.@RaulGonzalez será entrenador https://t.co/eMZNuNHCF3 Vía @jfelixdiaz pic.twitter.com/oQNLBA7JJG
— MARCA (@marca) March 20, 2018
Раул на тренерското место ќе го наследи поранешниот соиграч Алваро Бенито, кој ќе се пресели во една година постариот тим, додека пак Гути ќе го води Б тимот на Реал Мадрид.