Дома Македонски спорт Раул за Шпанија: Знаеме како играат, за поволен резултат постои само еден услов

Раул за Шпанија: Знаеме како играат, за поволен резултат постои само еден услов

Репрезентацијата на Македонија денес е слободна на Светското првенство во Данска и Германија, додека потоа ни следат два тешки натпревари против Шпанија и Исланд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Селекторот Раул знае дека пред нас е тежок предизвик. Тој ја препушта фаворитската улога на неговите сонародници, но потенцира дека за позитивен резултат против „Фуријата“ има само еден услов – мора да одиграме без грешка.

„Шпанија, Хрватска, Германија, Франција…Се моќни репрезентации и против нив имате шанса само ако играте без грешка, не смеете да пропуштате прилики. Не изигравме толку лошо, имавме шанси во второто полувреме кога беше три разлика. Сега треба да бидеме фокусирани на Шпанија. Мораме да играме онака како што знаеме. Шпанија е искусна и има квалитетни играчи, секако дека се фаворити против низ. Знаеме како играат, не блескааа, но кога и да беше потребно беа на потребното ниво“, изјави Гонзалез.

Натпреварот помеѓу Македонија и Шпанија се игра утре во 20:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

ЕХФ ѝ додели организација на Македонија на ЕП до 18 години!

Македонија доби уште една значајна организација на големо ракометно натпреварување, откако…