Челзи ова лето ќе прави голема реконструкција на тимот и многу ѕвезди стави на продажба.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Сините“ потрошија преку 600 милиони во последните два преодни рока, па за да ги балансираат сметките мораат да продаваат.
Челзи веќе се договори со Ал Ахли и Ал Итихад од Саудиска Арабија да им ги продаде Едуард Менди, односно Калиду Кулибали, а веднаш потоа договори продажба и на Матео Ковачиќ во Манчестер Сити.
Арсенал ќе го купи Каи Хаверц од Челси за 65 милиони фунти, а исто така Зијех ќе замине во Ал Наср од Саудиска Арабија.
Сепак, ова е само почеток на распродажбата затоа што во следните денови се очекува да замине и Мејсон Маунт, Конор Галагер, Тревор Чалоба, Кристиан Пулишиќ, Лофтус Чик…