Челзи зад себе има уште една лоша сезона и тоа по потрошени над 300 милиони евра, а ова лето ќе прават голема реконструкција.
Веќе пристигнаа неколку нови засилувања, но клубот мора да се ослободи од неколку фудбалери бидејќи во моментов има состав од 50 фудбалери.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Некои од нив ќе заминат на позајмица, а некои ќе бидат продадени и Челзи очекува од нив да заработи околу 200 милиони евра.
Од познатите играчи, Лукаку е цел на Наполи, Чалоба е на прагот на Кристал палас, Армандо Броја е на листата на Штутгарт и на Вулверхемптон и само од нив се очекува заработка од околу 70 милиони фунти.
На продажба се и Стерлинг, Фофана, Галагер, голманот Кепа, Чуквуемека, кој вреди околу 30 милиони, исто така е на продажба, а тука е и крилниот играч Нони Мадуеке.