Дома Фудбал Рангник ќе биде нов селектор на Австрија

Рангник ќе биде нов селектор на Австрија

Ралф Рангник ќе биде назначен за нов селектор на австриската репрезентација, пренесува „Скај Спорт“.

Актуелниот менаџер на Манчестер Јунајтед ќе биде официјално назначен за нов селектор во следните 48 часа.

Меѓутоа, тоа нема да му попречи да остане како консултант на „Олд Трафорд“, каде има договор до 2024 година.

63-годишниот Германец стана привремен  менаџер на Манчестер Јунајтед на крајот на минатата година. Тој се согласи да биде менаџер до крајот на сезоната, но има договор со „црвените ѓаволи“ на уште две години како консултант.

Меѓутоа, претходните денови Рангник постигнал договор со Федерацијата на Австрија и ќе седне на селекторското место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн можел да го доведе Вушковиќ, но избрал друго решение

Лука Вушковиќ бил достижна цел за Баерн, но Баварците решиле да не ја менуваат одбраната. …