Дома Останати Ракомет Ракометарот на Еурофарм Пелистер повеќе нема да игра за репрезентацијата

Ракометарот на Еурофарм Пелистер повеќе нема да игра за репрезентацијата

Пред почетокот на вчерашниот натпревар од првото коло во квалификациите за Европското првенство во кое Србија ја совлада Летониј со 38:25 имаше церемонија на која од репрезентативниот дрес се прости Илија Абутовиќ.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Некогашниот миленик на вардаровата публика, но денес ракометар на Еурофарм Пелистер се збогуваше од националниот тим со 55 настапи и 22 постигнати гола.

„Сакам да се заблагодарам на Ракометниот сојуз на Србија кој за мене направи многу со овој гест. Од самиот почеток на кариерата сонував да играм за репрезентацијата и тој сон на крајот се оствари.

Сакам да се заблагодарам на сите мои соиграчи, тренери и членови на стручниот штаб. Иако повеќе нема да помагам на теренот, ќе биде еден од најголемите навивачи надвор од него“; изјави Абутовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Татабања ја чека пекол, Охрид цела сала ја распродаде за 15 минути!

Еуфоријата во Охрид пред големото европско финале веќе достигна врв. Без разлика каков ќе …