Дома Фудбал Ракитиќ стана рекордер, но ноќта пред полуфиналето преживеал „драма“

Ракитиќ стана рекордер, но ноќта пред полуфиналето преживеал „драма“

Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ на шпанските медиуми им откри каква драма преживеал пред историското полуфинале со Англичаните.

За среќа ѕвездата на Барселона успеа да се опорави и одигра фантастично цели 120 минути.

„Ноќта во пресрет на полуфиналето имав покачена температура кој стигна и до 39 степени. Лежев без сила и беспомошно во креветот. Стравував дека можеби ќе го пропуштам мечот со Англија. Вредеше. Ако треба, финалето ќе го играм и без една нога“, изјави Ракитиќ.

Ракитиќ протоа стана рекордер со најмногу одиграни натпревари во една сезона – финалето во недела ќе биде негов 71. натпревар од почетокот на сезоната.

Тој одигра 55 натпревари за Барселона и 15 за Хрватска со што го израмни рекордот од 70 натпревари на Бразилецот Вилијан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…