Дома Фудбал Ракитиќ: Поразот не боли. Ние сакавме да победиме многу повеќе од нив…

Ракитиќ: Поразот не боли. Ние сакавме да победиме многу повеќе од нив…

Хрватскиот фудбалер Иван Ракитиќ, кој синоќа загуби од Манчестер Сити во финалето на Суперкупот на Европа со Севиља, изјави дека е повреден поради поразот на пенали бидејќи неговиот тим добро се справил со фаворизираниот противник.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Откако мечот во Пиреја заврши 1:1, беа изведени пеналот, во кој англискиот шампион победи со 5:4.

Фудбалот е таков. Во секој случај, поразот не боли затоа што брутално се потрошивме во текот на натрепварот“, изјави 35-годишниот Ракитиќ кој беше прецизен при изведувањето пенали.

Неговиот соиграч Немања Гудељ промаши во последниот удар, кога ја погоди гредата.

„Ние сакавме да победиме многу повеќе од нив, но мора да му честитаме на Сити. Нормално ја слават оваа титула, а ние ќе го запалевме стадионот да победевме“, изјави заменик капитенот на Севиља.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Драмата на Мундијалот беше негов последен натпревар: Најголемата ѕвезда на Сенегал веќе нема да игра за репрезентацијата!

Еден од најистакнатите сенегалски фудбалери во историјата, Садио Мане, наводно донел одлук…