Дома Фудбал Раиола: Побрзо Кинезите ќе го напуштат клубот отколку Донарума

Раиола: Побрзо Кинезите ќе го напуштат клубот отколку Донарума

Mинатото лето се одвиваше вистинска сапуница во која Џанлуиџи Донарума беше во главна улога, а како што се наближува преодниот рок изгледа дека теренот се подготвува за нова теленовела.

Во овие моменти интерес за Донарума повторно постои, се споменуваат Ливерпул и Наполи, но сигурно ќе се вклучи и уште некој клуб.

Раиола долго време се обидуваше да го продаде Донарума, па поради тоа и неговата последна изјава е малку чудна.

„Важно е да се почитува мислењето на навивачите. Посебно на интелигентните. Донарума би можел да остане во Милан до крајот на животот. Вусшност, ултрасите и го бараа тоа, а и тој нив ги сака“, изјави Раиола.

Новинарите веднаш го запрашаа дали неговата изјава е иронична.

Не го разбирам значењето на иронијата. Само ќе кажам дека според мене побрзо ќе видиме како Кинезите го напуштаат клубот, отколку Џанлуиџи“, надополни Раиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елмас погоди, Интер прокоцка два гола предност: Луди 4-4 во Бергамо!

Елиф Елмас беше меѓу стрелците во спектакуларното реми на Аталанта и Интер, во кое ниту пр…