Еден од највлијателните менаџери во светот, Мино Раиола пристигна во Удине, каде преговара за трансферот на Родриго де Паул во Атлетико Мадрид.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Родриго де Паул се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Негов менаџер е Аугустин Хименез, но Раиола доби улога на посредник за клубовите надвор од Серија А.
Атлетико Мадрид покажува силен интерес за Аргентинецот, а Раиола како посредбик пристигна во Удине да преговара за трансфер на плејмејкерот во Мадрид.
Удинезе е спремен да го пушти Де Паул, но за неговата слобода бара 40 милиони евра, а покрај Атлетико интерес за играчот покажува и Милан.