Дома Фудбал Рагник договорил 3-годишна соработка со Милан, веќе учи италијански јазик

Рагник договорил 3-годишна соработка со Милан, веќе учи италијански јазик

Еминентниот весник „Газета дело Спорт“ пренсува дека германскиот тренер Ралф Рагник веќе постигнал комплетен договор со Милан за тригодишна соработка.

Германецот беше голема желба на директорот Иван Газидис, кој со него преговараше без да ги извести другите директори Бобан и Малдини.

Тоа доведе до „раздор“ во таборот на „росонерите“, па Бобан и Малдини најверојатно ќе го напуштат клубот наскоро.

Рагник прифатил тригодишен договор, според кој на „Сан Сиро“ ќе остане до 2023 година, со опција да ја продолжи соработката до 2024 година.

Германецот истовремено ќе ја извршува и функцијата спортски директор,  и ќе има комплетна слобода да го гради тимот. Тој во минатото ја извршуваше таа функција во Салцбург и Лајпциг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со 21 фудбалер во Трабзон: Македонија У17 тргнува по место во Лига А

Иљами Исејни избра 21 фудбалер за ноемвриските квалификации во Турција. Првата цел на Маке…