Дома Фудбал Италија Рабио: Фановите на Јувентус се уште не го виделе вистинскиот Рабио

Рабио: Фановите на Јувентус се уште не го виделе вистинскиот Рабио

Фудбалерот на Јувентус Адриен Рабио често пати е мета на критики на фановите поради лошите настапи, но Французинот тврди дека фановите се уште не го виделе неговото вистинско издание.

Јувентус го чека последниот натпревар во Лигата на шампионите против Малме. „Старата дама“ веќе го обезбеди пласманот во следната фаза, а Масимилијано Алегри најави дека Рабио ќе добие шанса против Малме.

„Некогаш играм добро, некогаш не, сепак мислам дека тука во Италија напредував тактички, тука се игра поразличен фудбал отколку во Франција“.

Фановите знаат да испратат свирежи кон него.

„Професионалец сум и го знам фудбалот, јас давам се од себе, само со добра игра можам да ги променам работите. Свесен сум дека се уште не го виделе вистинскиот Рабио. Но, млад сум имам време, можам да се подобрувам“, изјави Рабио.

Рабио ја игра својата трета сезона во Јувентус

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал во последните моменти се спаси од пораз против Елче 🎥

Елче беше блиску да приреди голема сензација во Ла Лига, но на крајот Реал успеа да извлеч…