Дома Трансфер зона Пјонтек се сели во Премиер лигата за 30 милиони

Пјонтек се сели во Премиер лигата за 30 милиони

Криштоф Пјонтек минатата сезона беше вистинска сензација во Серија А, но оваа сезона се вклопи во „сивилото“ на Милан.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Полскиот напаѓач игра слабо оваа сезона, а после доаѓањето на Златан Ибрахимовиќ сигурно неговата минутажа драстично ќе се намали.

Поради тоа Милан е спремен да го продаде, а веќе пристигна првата понуда и тоа од Премиер лигата. Имено, Астон Вила е силно заинтересирана за голгетерот и испратила понуда од 30 милиони евра.

„Росонерите“ пред една година за Пјонтек платија 35 милиони евра, а сега се спремни да ја прифатат понудата од Астон Вила.

Наскоро двата клуба ќе седнат на преговарачка маса, а 24 годишниот напаѓач дал согласнот за преселба во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…