Дома Топ вести ПСЖ спреми 80 милиони за ѕвезата на Интер

ПСЖ спреми 80 милиони за ѕвезата на Интер

Пари Сент Жермен е силно заинтересиран за напаѓачот на Интер и француската репрезентација, Маркус Турам, пренесуваат италијанските медиуми.

Турам минатото лето пристигна во Интер како слободен агент и веднаш се вклопи во тимот, а оваа сезона се етаблираше во еден од најдобрите напаѓачи во Европа.

Турам игра во фантастична форма и ПСЖ нема да жали пари за да го доведе во своите редови, бидејќи бара засилување во нападот.

Интер не сака да ја продава својата ѕвезда, но Турам во својот договор има откупна клаузула од 80 милиони евра, која ПСЖ е спремен да ја плати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…