Пари Сент Жермен не донесе големи засилувања во летниот преоден рок, но затоа спрема трансфер „бомба“ во јануари.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Француските медиуми пренесуваат дека „светците“ ги решиле проблемите со Финансискиот фер-плеј на УЕФА и сега ќе можат да инвестираат голема сума во јануарскиот преоден рок.
Главна мета е ѕвездата на Тотенхем, Кристиан Ериксен за кого ПСЖ е спремен да понуди 100 милиони фунти.
26-годишниот Данец се уште го нема потпишано новиот договор кој Тотенхем му го понуди ова лето, што претставува знак европските гиганти да тргнат по него.
ПСЖ е спремен да му понуди двојно поголема плата за да го убеди да се пресели во Париз. Притоа во прилог им оди и новото правило на УЕФА, па Ериксен ќе може да биде пријавен во Лигата на шампиони.
Ериксен е еден од главните играчи во тимот на Покетино, па тешко е да се поверува дека Тотенхем ќе си дозволи да го загуби на средина од сезоната.