Екипата на Брест Мешков која е еден од противниците на Вардар, во најсилната група А од Лигата на Шампионите, стартуваше со подготовките за новата натпреварувачка сезона. Шампионот на Белорусија доби нов тренер, во поранешниот стратег на Висла Плок и актуелен селектор на Аргентинската репрезентација, се работи за Маноло Каденас. Негов помошник ќе биде Раул Алонсо, додека за тренер на голманите е назначен словенецот, Роландо Пушник.

Брест Мешков направи промени и во играчкиот кадар. Од екипата си заминаа Стојковиќ, Мијатовиќ, Игропуло, Никуленков, Ѓукиќ, Продановиќ и Олег Астрашапкин. Нови играчи се  Дарко Ѓукиќ, десното крило кое доаѓа од тимот на Киелце, како и Сандро Обрановиќ кој дојде од Шамбери и десниот бек Шиме Ивиќ кој пристигна од тимот на Висла Плок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

ЕХФ донесе конечна одлука за Драган Начевски!

Судот на Европската ракометна федерација денеска донесе конечна одлука за Драган Начевски …