Дома Трансфер зона Пропадна трансферот на Рамос. Клубот ги објави причините за прекин на преговорите

Пропадна трансферот на Рамос. Клубот ги објави причините за прекин на преговорите

СЕРХИО РАМОС се уште е слободен агент во потрага по нов ангажман.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Легендарниот стопер на шпанската репрезентација и Реал Мадрид е слободен играч откако му истече договорот со Пари Сен Жермен, а на 37-годишна возраст се уште е желен за предизвик.

Беше во преговори со Бешикташ, но нема да дојде од негов трансфер во Турција.

Ова го потврди клубот на социјалните мрежи со објава во која се наведува дека преговарал со него и Андерсон Талиско, бразилскиот играч за врска на Ал Наср.

Преговорите со двајцата пропаднаа откако двете страни не успеаја да се договорат за финансиските детали од договорот.

Рамос, светски и двократен европски шампион со Шпанија и четирикратен освојувач на Лигата на шампионите со Реал, претходно беше поврзуван со Севиља, клубот во кој ја започна кариерата.

Тој клуб јавно ја отфрли можноста да го доведе, исто како и сега Бешикташ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Пелистер ќе го води тренер кој бил помошник на Душко Ивковиќ!

КК Пелистер одржа редовно годишно собрание на кое беа избрани новите структури на клубот. …