Дома Македонски спорт Мак фудбал Продолжува слабата форма на младинците: Грузи со победа си заминува од Скопје

Продолжува слабата форма на младинците: Грузи со победа си заминува од Скопје

Репрезентацијата на Македонија до 21 година забележа нов пораз во квалификациите за Европското првенство и на домашен терен загуби од Грузија со 0:1.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


За Македонија ова беше трет неуспех во овие квалификации, а посебно загрижува играта со која нашите млади фудбалери ги губат натпреварите. Во овој натпревар противничкиот гол скоро и да не го видовме.

Првите 45 минути не донесоа скоро ниту една посериозна прилика, па мрежите мируваа. Одлучувачкиот момент се случи во 54 минута по нафрлувањето од десната страна Маматашвили налета на една топка и од 16 метри постигна убав гол за водство на Грузија од 0:1.

Македонија не успеваше да се закани, па така Грузија сочува водството. Следното коло од квалификациите се игра во март, а Македонија ќе се сретне со Гибралтар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…