Дома Останати Кошарка Продолжува австралиската бајка: Ја нокаутираа и Литванија!

Продолжува австралиската бајка: Ја нокаутираа и Литванија!

Продолжува бајката на австралиската кошарка, откако во четвртфиналето од ОИ ја декласираа фаворизираната Литванија со 90-64.

„Кенгурите“ уште еднаш потврдија дека се наоѓаат во извонредна форма и со супериорна игра во целост го декласираа литванскиот тим, кој е актуелен европски вицепрвак.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Уште по првиот период, Австралија изгради висока предност (26:17), која до одморот ја удвои на плус 18 поени (48:30), а по 30 минути игра имаа и максимална предност од 32 кошеви.

Играчот на Сан Антонио Пети Милс со 24 поени (5 тројки) ја предводеше Австралија. Бејнс уфрли 16, Делаведова 15, а Богут имаше учинок од по шест поени и асистенции и седум скокови.

Кај Литванија двоцифрен учинок имаа само Калниетис и Кавалиаускас, двајцата постигнаа по 12 поени.

Австралија во полуфиналето ќе игра против победникот од балканското дерби Србија-Хрватска кое се игра во три часот по полноќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Погледнете го забивањето по кое Лејкерс му го променија презимето на Лука Дончиќ (Видео)

Лука Дончиќ одигра уште една извонредна партија, а неговите Лос Анџелес Лејкерс ја совлада…