Дома Фудбал Проблем за Њукасл: Се повреди големото засилување

Проблем за Њукасл: Се повреди големото засилување

Репрезентативецот на Англија, Киеран Трипие заработи скршеница на стапалото во натпреварот за викендот против Астон Вила.

Во јануари Трипие пристигна како големо засилување за Њукасл и тоа веднаш го покажа и на теренот. Астон Вила вчера беше победена токму со неговиот гол, а со тој триумф Њукасл излезе од зоната за испаѓање, стрелец Трипие беше и на претходниот натпревар.

Меѓутоа вчера поради повреда Трипие мораше да го напушти теренот во 48. минута од натпреварот. Деталните тестови покажаа дека се здобил со фрактура на стапалото.

Секако дека ова е удар за Њукасл кој во наредните натпревар ќе мора да биде без неговите услуги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Таткото блескаше под кошевите, синот е пред фудбалски повик од БиХ

Давид Сесар, 18-годишниот дефанзивец на Лучко и син на Јосип Сесар, го привлече вниманието…