Дома Фудбал Проблем за Реал, заврши сезоната за Карвахал

Проблем за Реал, заврши сезоната за Карвахал

Реал Мадрид скапо ја плати победата над Виљареал од 2-0, откако во самиот финиш од мечот тешка повреда заработи Дани Карвахал.

Искусниот десен бек заработи сериозна повреда на лигаментите на коленото и за него сезоната е завршена.

Самиот фудбалер со објава на социјалните мрежи потврди дека првите проценки се дека ги скинал лигаментите и сега го очекува операција и долг процес на рехабилитација.

„Потврдена ми е озбилна повреда на лигаментите. Морам да одам на операција и нема да играм неколку месеци. Веќе се радувам на почетокот на рехабилитацијата и враќањето на терените. Ви благодарам на сите за пораките“. напиша Карвахал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го запре налетот на Комо: Два гола за 19 минути и нов удар за Фабрегас

Еспозито и Турам ја решија пресметката на „Сан Сиро“ со 2-0, а Комо по шест победи во низа…