Дома Фудбал Проблем за Алегри: Се повреди Пјаниќ!

Проблем за Алегри: Се повреди Пјаниќ!

Фудбалерот на Јувентус немаше среќа во репрезентативните обврски.

Миралем Пјаниќ не помина добро на натпреварот помеѓу Северна Ирска и Босна и Херцеговина.

Играчот за врска и еден од најважните во тимот на Алегри мораше да го напушти теренот во 83-тата минута од натпреварот во кој Босна славеше победа од 1:2.

Се уште нема информации од каков карактер е повредата на Босанецот.

Останува да видиме дали ќе биде во тимот за натпреварите на Јувентус во Серија А и Лигата на шампионите.

Јувентус прво игра со Сасуоло на 16-ти септември, а потоа против Валенсија во Лигата на шампионите на 19-ти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн можел да го доведе Вушковиќ, но избрал друго решение

Лука Вушковиќ бил достижна цел за Баерн, но Баварците решиле да не ја менуваат одбраната. …