Дома Фудбал Проблем за Алегри: Еден од најважните играчи на Јувентус под знак прашалник за натпреварот со Милан

Проблем за Алегри: Еден од најважните играчи на Јувентус под знак прашалник за натпреварот со Милан

Италијанскиот шампион се соочува со проблем на стартот во 2019 година.

Како што пренесуваат италијанските медиуми Марио Манџукиќ зарабтоил повреда и е под знак прашалник за натпреварот во Суперкупот против Милан кој ќе се одигра на 16-ти јануари во Саудиска Арабија против Милан.

Тоа би можело да биде голем хендикеп за Масимилијано Алегри бидејќи Марио Манџукиќ е eден од најважните членови на Јувентус и до сега одигра 21 натпревар и постигна девет голови.
Токму тој беше стрелецот за првиот погодок во натпреварот против Милан на „Сан Сиро“ во италијанското првенство.

Во Јувентус ќе се обидат да направат се што е во нивна моќ за да го припремат Манџукиќ за оваа средба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Три клуба, без главен и спореден: Естрела гради поинаква фудбалска мрежа

Про Патрија е првата италијанска инвестиција на Естрела, која сака да поврзе клубови преку…