Дома Фудбал Проблеми за Реал: Белингам повторно се повредил!

Проблеми за Реал: Белингам повторно се повредил!

Џуд Белингам е фудбалерот кој е во најдобра форма, но и најдобар стрелец на Реал Мадрид, а тој сега е неизвесен за утрешниот натпревар против Гранада.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според последните информации Белингам почувствувал болки во зглобот по последниот натпревар против Наполи во Лигата на шампионите.

Англискиот репрезентативец денес не тренираше со тимот, туку индивидуално без топка. Тренингот го заврши предвреме и се упатил кон фитнес салата.

Белингам претходно имаше проблеми со повреда на рамото и поради тоа не настапи за Англија во Скопје. Тој беше стрелец на еден од четирите гола на Реал во победата над Наполи од 4:2. Реал Мадрид со тој триумф го обезбеди првото место во групата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Продолжува „војната“, Атлетико ја пријавил Барселона во Фудбалскиот сојуз на Шпанија

Атлетико Мадрид ја пријавил Барселона до Шпанската фудбалска федерација (RFEF) поради наво…