28-годишниот австриски репрезентативец, Марсел Сабицер ги разочарал сите во Баерн, пренесува Билд.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Искусниот играч за врска пристигна на „Алијанц Арена“ како големо засилување по желба на Јулијан Нагелсман, но не ги оправда очекувањата.
Иако во Лајпциг беше еден од најдобрите играчи, сепак во Баерн разочара и воопшто не е во конкуренција за првиот тим.
Капката која ја прели чашата кај Баварците беше очајната партија на Сабицер против Мајц, па клубот одлучи да му ја отвори излезната врата.
„Билд“ пренесува дека Баерн е спремен да го продаде за истата сума за која го доведе, односно 15 милиони евра.