Дома Трансфер зона Пристигнаа две неочекувани понуди – Двата градски ривали во борба за Ибрахимовиќ

Пристигнаа две неочекувани понуди – Двата градски ривали во борба за Ибрахимовиќ

0

Шведскиот напаѓач, Златан Ибрахимовиќ повторно се наоѓа надвор од теренот, откако се опорави од тешката повреда на коленото.

Ибрахимовиќ повеќе од седум месеци беше надвор од теренот поради тешката повреда на лигаментите на коленото, но во ноември успешно се врати на теренот. Меѓутоа, шведскиот напаѓач во последните неколку натпревари не беше во конкуренција, бидејќи не се чувствува 100% подготвен.

Англиските медиуми започнаа да шпекулираат дека Ибра ќе го напушти Манчестер Јунајтед до крајот на овој месец, но Жозе Мурињо потврди дека од тоа нема ништо. Но, како што пишува „Mirror“ на адресата на „Црвените ѓаволи“ пристигнаа две понуди и тоа две од Турција.

Имено, интерес за Ибра покажал Галатасарај кој сака да ја донесе големата ѕвезда на „Турк Телеком“. Но, проблем на Галата им прави градскиот ривал Бешикташ кој исто така е заинтересиран за Ибрахимовиќ. Бешикташ заработи 27 милиони фунти од продажбата на Ченк Тосун во Евертон и сака тие пари да ги искористи за доведување на Ибрахимовиќ.

Коментари
loading...
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Анчелоти купува од ПСЖ: Наполи не сака да биде во сенка на Јувентус

Новиот тренер на Наполи, Карло Анчелоти сака во наредната сезона да има тим кој ќе биде ра…