Дома Фудбал Прими девет гола, но е најдобар голман во првото коло од ЛШ

Прими девет гола, но е најдобар голман во првото коло од ЛШ

Eкипата на Динамо Загреб стана првата која примила девет гола во натпревар од Лигата на шампионите откако Баерн ги победи со 9:2.

Голманот на хрватскиот тим Невестиќ сигурно ќе сака да го заборави овој натпревар, но убедливиот пораз не е негова вина, напротив тој е голманот со најмногу одбрани во првото коло.

Имено, тој одбрани десет удари кои кон него ги упатиле фудбалерите на Баерн и по оваа категорија е на врвот. Зад него е Доминик Такач од Слован Братислава со седум, додека Тер Штеген и Куртоа запишаа по шест одбрани.

Такач, вториот голман исто така не може да се пофали со добра ноќ бидејќи неговиот тим беше поразен од Селтик со 5:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го запре налетот на Комо: Два гола за 19 минути и нов удар за Фабрегас

Еспозито и Турам ја решија пресметката на „Сан Сиро“ со 2-0, а Комо по шест победи во низа…