Дома Фудбал Примера го менува форматот, ќе гледаме по три „Ел Класика“

Примера го менува форматот, ќе гледаме по три „Ел Класика“

Промената на форматот на шпанското фудбалско првенство е реална опција, соопшти претседателот на Фудбалската федерација, Луис Рубиалес.

Целта е да се намалат натпреварите во националните првенства, за клубовите да можат да играат повеќе европски натпревари, кои се поинтересни за публиката.

„Треба да мислиме како да го намалиме бројот на натпревари. Во Шпанија имаме 38 кола и имаме само две можности: или намалување на бројот на клубови или промена на форматот. Клубовите не се согласуваат да се намали бројот, па разгледуваме нов формат со 33 кола и со повеќе од два дуели помеѓу Реал Мадрид и Барселона“, откри Рубиалес.

„Можеме да седнеме на маса со Лигата и да ја разгледаме можноста да има натпревари на неутрален терен. Клубовите треба да разберат дека или ќе го промениме форматот во следните 2 до 3 години, или некои од нив ќе отпаднат од Ла Лига“, додаде претседателот на Шпанската фудбалска федерација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Две асистенции и исклучување: Несторовски во центарот на пресвртот во Вараждин

Славен Белупо победи со 2:1 на гостувањето кај Вараждин, а Илија Несторовски ги подготви д…