Дома Фудбал Претседсателот на Наполи позитивен на Ковид, цел тим во изолација

Претседсателот на Наполи позитивен на Ковид, цел тим во изолација

Претседсателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис е позитивен на коронавирус, а тоа може да му предизвика големи проблеми на клубот од Неапол.

Имено, Де Лаурентис не ги почитувал протоколите, па сега може скоро целиот тим на Наполи и тренеро Гатузо да завршат во изолација.

Де Лаурентис имал симптоми, но и покрај тоа се решил да се состане со претседателите на останатите клубови од Серија А на вечера каде со некои имал и блиска средба.

Првиот човек на Наполи е на удар на јавноста затоа што и покрај тоа што имал симптоми и бил тестиран, се појавил на вечерата и на никого не кажал дека се тестирал за коронавирусот.

Де Лаурентис присуствувал и на тренингот на Наполи и имал близок контакт со тренерот Гатузо и поголем дел од играчите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Емирати“ веќе не плаши: Арсенал без домашна победа, а притисокот расте

Фудбалерките на Арсенал се шести и 12 бода зад врвот, а по четири домашни меча сè уште чек…