Дома Фудбал Претседателот на Јувентус призна: Би било ерес да не мислиме на Гвардиола!

Претседателот на Јувентус призна: Би било ерес да не мислиме на Гвардиола!

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели ги коментираше шпекулациите во медиумите дека Пеп Гвардиола би можел да седне на клупата на „старата дама“.

Шпекулациите за доаѓањето на Гвардиола во Јувентус додатно се засилија откако Манчестер Сити беше суспендиран на две сезони од европските натпреварувања.

Ањели истакна дека се задоволни од работата на Сари, но „би било ерес доколку не мислат на Гвардиола“.

„Би било ерес да не мислиме на Гвардиола. Во овој момент тој е среќен таму каде што е. Мислам дека е малку веројатно тој да го напушти Сити, бидејќи се чувствува многу комфорно. Меѓутоа, ние сме задоволни со Сари, со него започнавме тригодишен проект и ќе видиме како ќе се развиваме во иднина“, изјави Ањели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легендите не му веруваат на Дортмунд: Ковач пред речиси невозможна мисија во Минхен

Баерн и Борусија го чекаат дербито израмнети на врвот, но Матеус и Самер гледаат огромна р…