Дома Трансфер зона Премиерлигашите се „тепаат“ за новата холандска ѕвезда!

Премиерлигашите се „тепаат“ за новата холандска ѕвезда!

0

Ливерпул, Тотенхем и Евертон се силно заинтересирани за крилниот напаѓач на Бриж, Арно Греневелд, пренесуваат англиските медиуми.

Греневелд игра фантастична сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а Бриж веќе одби една понуда од 10 милиони евра од страна на италијански Милан.

21-годишниот крилен напаѓач се пресели во Бриж од НЕЦ Нимеген за 1 милион евра минатото лето, а до овој момент одигра 15 меча на кои постигна 5 гола и запиша 4 асистенции.

Неговата моментална вредност на трансфер пазарот изнесува околу 20 милиони евра, а голема е веројатноста до крајот на месецот да се пресели во Премиер лигата.


Следете го Sportski.mk и на


Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Човек да не поверува – Тотенхем испраќа скаути на натпреварот Аталанта – Милан!

Oпшто познато е дека премирлигашите трошат најмногу на засилувањем но еден клуб е исклучок…