Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва на гостински терен игра против Англија во рамките од четвртото коло во квалификациите за Европското првенство 2024.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Прва асоцијација за секој македонски навивач за дуелите Англија – Македонија секако е легендарниот гол на Артим Шаќири постигнат во 2002 година на стадионот „Сент Мери“ во натпревар кој заврши без победник 2:2. Стрелци на тој натпревар беа уште Ванчо Трајанов за Македонија и Џерард и Бекам за Англија.
Ако ние денес се потсетуваме на Шаќири, Англичаните се потсетија на еден од своите најголеми напаѓачи во историјата, Вејн Руни. Поранешниот голгетер на Англија и Манчестер Јунајтед токму против Македонија, една година по тој натпревар на „Сент Мери“ го постигна првиот гол во дресот на репрезентацијата и така започна една голема приказна.
The start of something special ⭐️@WayneRooney scored his first #ThreeLions goal against tonight's opponents back in 2003! pic.twitter.com/tiOIsoZPnu
— England (@England) June 19, 2023