Македонскиот фудбалер Елиф Елмас вчера ги одигра последните 15-тина минути во дербито помеѓу Наполи и Рома кое на крајот заврши со убедлив триумф на Наполи од 4:0.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Но, Елмас победата вчера не го израдувала многу. Пред почетокот на натпреварот македонскиот „дијамант“ дознал дека починал неговиот дедо со кој бил и тоа како близок. Елиф бил погоден од веста, меѓутоа сепак собрал сили да истрча на теренот.
Според информациите на порталот „Инфоспорт.мк“ Елмас во текот на денешниот ден ќе допатува во Скопје за да присуства на погребот.