Дома Топ вести Преговорите траеле долго во ноќта и се е завршено: Торино го чека Де Лихт!

Преговорите траеле долго во ноќта и се е завршено: Торино го чека Де Лихт!

Maратонските преговори за Матијас Де Лихт се завршени утрово!

Најбараниот млад играч на денешницата од понеделник ќе биде играч на Јувентус, објави „Газета дело Спорт“.

Во трката за стоперот на Ајакс прв низ целта поминал Јувентус пред Барселона и Пари Сен Жермен кои исто така беа заинтересирани за талентираниот Холанѓанец.

Преговорите помѓу Ајакс и Јувентус траела цела ноќ и во нив посредувал Мино Раиола кој одлично ќе заработи и од овој трансфер.

Де Лихт вечерва или утре ќе допатува во Торино на лекарски прегледи и во наредните денови ќе се стави на располагање на Маурицио Сари.

Стоперот кој се уште нема наполнето 20 години ќе го чини Јувентус 70 милиони евра, а во договорот ќе има и откупна клазула во износ од 150 милиони евра. Раиола како провозија ќе добие 11 милиони евра.

Ќе потсетиме, вчера Ајакс потврди дека Де Лихт нема да патува со тимот на припремите.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Витсел паднал по скали во својот дом, па ќе го пропушти клучниот натпревар во ЛШ

Проблеми за Борусија пред клучниот натпревар во Лигата на шампионите. Во натпреварот од по…