Дома Трансфер зона Преговорите се во тек: Игуаин чекор поблиску до Челзи

Преговорите се во тек: Игуаин чекор поблиску до Челзи

0
higuain

Врската помеѓу Милан и Гонзало Игуаин изгледа дефинитивно е пред раскинување. После само неколку месеци, Аргентинецот ќе го напушти „Сан Сиро“ и ќе се пресели во Челзи.

Она што го пропушти минатото лето би можел да го прифати сега. Тогаш Игуаин го одби Челзи и инсистираше на трансфер во Милан. Во таборот на Милан се вклопи во сивилото на тимот на Гатузо и дефинитивно сака да го напушти Милан.

Тоа беше сигнал кој го чекаше Маурицио Сари за да тргне во акција. Италијанскиот стратег веќе со денови го убедува клубот да му го доведе поранешниот пулен од Наполи и изгледа ќе му успее. Иако Челзи ретко доведува играчи постари од 30 години, инсистирањето на Сари изгледа вродило с плод.

Според некои информации воспоставени се контакти со Фали Рамадани и започнати се преговорите со спортскиот дирктор на Јувентус, Фабио Партичи.


Следете го Sportski.mk и на


Ќе потсетиме, Јувентус изминатото лето го позајми Игуаин на Милан за 18 милиони евра и „росонерите“ имаат опција да го откупат неговиот договор за 36 милиони евра. Игуаин не ги оправда очекувањата и платата од 8.5 милиони евра по сезона е преголема за она што го прави на теренот.

Меѓутоа кога се преговорите со Јувентус во прашање, нив не им одговара да се менуваат условите. Челзи прво им го нудеше Мората во замена, но од Торино го одбија тој предлог.

Договор се очекува да биде постигнат, а каков останува да видиме во наредниот период.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Готово: Унаи Емери го добива посакуваното засилување!

Англиските медиуми пренесуваат дека играчот на Барселона, Денис Саурез е на чекор од транс…