Дома Македонски спорт Мак ракомет Прво Естонија дома, а Русија ќе ја анализираме во – автобус и авион!

Прво Естонија дома, а Русија ќе ја анализираме во – автобус и авион!

Денес селекторот Тодоров одржа прес-конференција по повод утрешниот натпревар против Естонија со кој ќе ги отвориме квалификациите.

Македонија нема многу време. Утре го играме натпреварот со Естонија, а уште истата вечер играчите и стручниот штаб ќе се упатат на гостувањето во Русија. Натпреварот против Русија на гостински терен го играме на 23. февруари.

Мислите се прво на Естонија, меѓутоа за да се спремаме со Русија ќе немаме многу време. Селекторот Тодоров денес самиот истакна дека во скаут подготовките за Русија со играчите ќе ги прават во автобус и и авион на пат кон Русија.

„Скаут подготовките и кој како ќе игра во тој натпревар во најголем дел ќе мораме да ги правиме во автобусот и авионот на пат кон Русија. Ситуацијата е таква што немаме многу време. Поради тоа и истите кои ќе бидат во составот за Естонија ќе патуваат и за Русија. Дури и да има некаков проблем скоро невозможно е пред се да се заменат авионските билети во само неколку часа“, објасни селекторот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Карачиќ: Столе е фраер од скопскиот асфалт, еден ден се гледам себе пак во Вардар!

Ракометниот реномиран сајт „Балкан Хендбол“ во овој период прави интервјуа со ракометарите…