Дома Останати Првиот човек на УФЦ се огласи за наводната понуда до Кабиб од 15 милиони долари

Првиот човек на УФЦ се огласи за наводната понуда до Кабиб од 15 милиони долари

Руските медиуми вчера објавија вест за наводна изјава од тимот на Кабиб Нурмагомедов дека на Дагестанецот му биле понудени дури 15 милиони долари за реванш со Конор Мекгрегор.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Наводно, Кабиб ја добил оваа понуда од УФЦ, но тој им порачал дека сака да се бори со Тони Фергусон пред тој да замине во пензија.

Оваа вест брзо се рашири во светските медиуми, па стигна и до првиот човек на УФЦ, Ден Вајт кој се огласи преку Твитер и кратко покрај фотографијата од веста порача.

„Оваа вест е сра*е број 1“

Така претседателот на УФЦ, јасно стави до знаење дека сето тоа е измислици на медиумите или пак некој од тимот на Кабиб одлучил да се позабавува и да го искористи медиумското внимание кое секако го имаат во овој момент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…