Дома Фудбал Италија Прва изјава на Алегри по потресот во Јувентус

Прва изјава на Алегри по потресот во Јувентус


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Во Јувентус се случи вистински потрес откако пред два дена си замина комплетната управа на чело со Андреа Ањели, па така се најавуваше дека можеби ќе има промена и на клупата.

Сепак, набрзо Џон Елкан кој ја има највисоката менаџерска позиција во компанијата која го поседува Јувентус потврди дека Алегри ќе остане. Елкан јасно потенцираше дека нема да има промена на клупата и покрај се што се случуваше.

По таа изјава на Елкан во италијанските медиуми се огласи и самиот Алегри.

„Убаво е да чувствувате блискост со важните акционери и затоа му благодарам на Џон Елкан за тие зборови. Во изминатите години секогаш можев да сметам на поддршката на Ањели со кого сум и пријателски врзан. Тој наш пријателски однос нема да биде завршен со неговото заминување од претседателската функција“.

„Андреа и Џон се референтни фигури за светот на Јувентус кој мора да остане и понатаму фокусиран на секоједневната работа“, изјави Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Гакпо погреши, избрза со трансферот во Ливерпул“

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Искусниот стратег Ро…